Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 384 возачи.
– Од нив, 48 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 264 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место, информира МВР.
