HomeАктуелноМакедонските патишта како „писти“, 796 санкции за брзо возење

Македонските патишта како „писти“, 796 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на државава санкционираше 796 возачи за брзо возење.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од нив, како што соопшти денеска МВР, 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 402 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 394 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.