HomeАктуелноМакедонски државјанин (36) доживеа тешка сообраќајка со камион во Германија

Македонски државјанин (36) доживеа тешка сообраќајка со камион во Германија

Тешка сообраќајка на автопатот А94 во Германија. Возач (57) на мало комбе имал огромна среќа во вторникот попладне на 10-ти април, околу 13 часот, во близина на Дорфен (област Ердинг) во правец кон Минхен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Романски возач на комбето од се уште неразјаснети причини удрил во задниот дел на шлеперот, кој се движел по десната коловозна лента и го управувал државјанин на Северна Македонија (36), објави Билд.

Ударот бил толку силен што предниот дел на комбето бил згмечен. Според полицијата, возачот на возилото се здобил со умерени повреди и е пренесен во болница.

Возачот на шлеперот останал неповреден. На двете возила е направена материјална штета од околу 33 илјади евра.

Автопатот мораше да биде затворен околу три часа во правец на Минхен за да се повлечат возилата и да се расчисти патот. Сообраќајот беше пренасочен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.