Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за „Click21“ посочи дека СДСМ повеќе не била партија туку приватна фирма.
Тој додаде дека се уште се чувствува социјалдемократ, но за жал не е во таа партија поради тоа што донеле едногласна одлука и го исклучиле од партијата.
„Не заврши постапката но тие си донесоа одлука бидејќи тоа не е партија, тоа е приватна фирма. Функционира како акционерско друштво, ги држат позициите“, вели Димитриевски.
