HomeАктуелноМалолетници служени со алкохол, семејно насилство и напади врз полицајци – Полицијата со полни раце работа

Малолетници служени со алкохол, семејно насилство и напади врз полицајци – Полицијата со полни раце работа

Повеќе лица биле приведени во Охрид во изминатите денови поради различни инциденти, меѓу кои агресивно однесување кон полициски службеници, нарушување на јавниот ред и мир, поседување предмети со остатоци од марихуана и семејно насилство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 31 октомври во 22:35 часот, во угостителски објект во Охрид, бил приведен 46-годишен охриѓанец, кој претходно се однесувал агресивно кон полициските службеници при извршена контрола. Полицајците во објектот затекнале малолетни лица на кои им биле послужени алкохолни пијалаци. По целосно документирање на случајот, соодветна пријава ќе биде поднесена против лицето и правниот субјект.

Во раните утрински часови на 1 ноември, на паркинг-простор во Охрид, бил приведен 28-годишен жител на охридско село, кој го нарушил јавниот ред и мир со викање, а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници.

Истиот ден, во 02:40 часот, на улицата „Партизанска“, полицијата привела 18-годишник од струшко село. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од марихуана.

Претходно, на 31 октомври во 19:30 часот, во СВР Охрид бил приведен 50-годишен жител на Радовиш, по пријава дека физички ја нападнал сопругата во дом во Охрид, каде што привремено престојувал.

Во полицискиот билтен е евидентиран и физички напад во струшкото село Велешта. На 30 октомври, во 10:40 часот, било пријавено дека во автоплац во селото, 76-годишен жител на Охрид бил физички нападнат од лице од истото село.

Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.