Григор Прличев е светилник на македонската преродба, кој и денес го осветлува патот на нашата култура и јазик. Со неговата заложба за афирмација на националната самобитност и љубовта кон татковината останува вечен симбол на Охрид и Македонија. И оваа година, во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“, со низа културни настани ќе го чествуваме неговото големо дело и ќе се потсетиме на неговото литературно наследство. Ве покануваме да бидете дел од свечената програма, стои во објавата на градоначалникот на општина Охрид, д-р Кирил Пецаков.

