HomeАктуелноМаричиќ го пречека Милановиќ на аеродромот во Охрид

Маричиќ го пречека Милановиќ на аеродромот во Охрид

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, кој штотуку слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопштија од СЕП, вицепремиерот Маричиќ му посака добредојде на нашиот голем пријател, претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ и изрази големо задоволство од неговата посета и учеството на Преспа форумот за дијалог, на кој несомнено ќе даде вреден придонес во дводневните дискусии за актуелните  безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан.

Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а претсеадтелот на Хрватска Зоран Милановиќ ќе се обрати на првата сесија на високо ниво на која според најавите ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.