HomeАктуелноМартин Гоџо од Варош повторно го фати светиот крст во водите на Охридското Езеро

Мартин Гоџо од Варош повторно го фати светиот крст во водите на Охридското Езеро

Мартин Гоџо од охридската населба Варош е најсреќниот меѓу неколкуте стотини капачи кои денеска учествуваа во традиционалното фрлање на светиот крст по повод празникот Богојавление – Водици во Охрид. Тој успеа да го фати светиот крст положен во осветените води на Охридското Езеро.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ова не е првпат Мартин да ја има оваа чест – светиот крст го фатил и во 2025 година, како и во 2022 година, што го прави редок пример на повеќекратен среќник на оваа голема православна манифестација.

Светиот крст беше положен во водите на езерото од градското пристаниште, а светиот чин го изврши Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј.

На настанот присуствуваа претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за транспорт и врски Александар Николоски, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, како и претставници од дипломатскиот кор и од политичкиот и јавниот живот во државата.

Традиционалниот настан на градското пристаниште го проследија голем број граѓани од Охрид, од земјава и од странство, кои уште еднаш ја потврдија големата духовна и културна вредност на празникот Богојавление – Водици.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.