HomeАктуелноМатурска парада на градскиот плоштад во Охрид

Матурска парада на градскиот плоштад во Охрид

Денес точно напладне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ матурантите од сите охридските средни училишта ќе го одиграат танцот Квадрил од Штраусовата опера „Лилјакот”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

И годинава за подготовките беше задолжена професорката Катерина И. Стојаноска, која што информираше дека учество ќе земат повеќе од 300 матуранти.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка“ во Љубљана.

Танцот Квадрил матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.