HomeАктуелноМајката на Вања побара да се исклучи јавноста од судењето, таткото кажува дека тој загинал на 27-ми, Палчо тврди дека не го познава таткото на Вања

Мајката на Вања побара да се исклучи јавноста од судењето, таткото кажува дека тој загинал на 27-ми, Палчо тврди дека не го познава таткото на Вања

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството на малолетното девојче, Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче пред судот кажа дека ова е монтиран процес.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Овој родител наместо да го плачи своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви некоја лажен мотив и врска. Јас не го не го познавам, рече Палчо за таткото на Вања.

Исклучување на јавноста и судење зад затворени врати на случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побарала мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска.

Ова во судница го посочи обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска. Според неа, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа, и здравјето оти медиумските известувања за овој случај и влијаеле.

Пред да одржам воведен говор, сакам да истакнам предлог за исклучување на јавноста од целата главна расправа бидејќи исклучувањето на јавноста е потребно за заштита на приватниот живот на оштетената Зорица Ѓорчевска, мајка на починатото дете Вања Ѓорчевска, кое како дете жртва на кривично дело има права кои треба да се почитуваат, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска.

Според неа, мајката Ѓорчевска сакала јавност да нема додека се суди и се обелоденува како се случило убиството на нејзината ќерка Вања Ѓорчевска.

Денес во судницата за време на рочиштето таткото на убиената Вања изјави дека чувствува болка која не може да се објасни.

Јас загинав на 27-ми. Тоа што остана е ехо од човек од мене, чувствувам болка која не може да се објасни. Чувствувам и обврска кон Вања. Да се ставам на располагање за да се разреши оваа ситуација. Во детали со имиња со тоа што го наведе адвокатот, изјави таткото на Вања.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.