HomeАктуелноМајка си ги убила двете малолетни ќерки

Мајка си ги убила двете малолетни ќерки

Голема полициска акција во австрискиот град Абсдорф, недалеку од Виена, по откривањето на смртта на двете деца на возраст од седум години и седум месеци. За убиството моментално е осомничена мајката, а таткото утрово околу 9 часот и 23 минути ја повикал итната помош, јавуваат австриските медиуми.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според сведочењето на таткото, неговата сопруга рекла дека ги убила децата и најавила дека ќе се самоубие. Откако брзата помош стигнала до децата, бил побаран хеликоптер да ги префрли во болница, но веќе било доцна, лекарите на местото на настанот не можеле да ги реанимираат децата, изјавил за „ОРФ“ портпаролот на полицијата Јохан Баумшлагер.

Во меѓувреме 36-годишната мајка со своето возило удрила во дрво. Таа се здобила со повреди кои не се опасни по живот, пишуваат медиумите. Жената е пренесена во болница и истовремено уапсена, потврди полицијата.

Жителите на градот, во кој живеат околу 2.400 жители, изјавија за „ОРФ“ дека на теренот има многу полицајци.

„Истрагата е во тек“, рече портпаролот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.