HomeАктуелноМВР доби седум нови возила за Одделот за специјални полициски операции

МВР доби седум нови возила за Одделот за специјални полициски операции

– Во полицискиот центар „Ѓорче Петров“ денеска e извршено примопредавање на донацијата на седум нови возила за потребите на Одделот за специјални полициски операции при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи. На предавањето на донацијата присуствуваа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со дел од раководството на МВР, заедно со заменик амбасадорот на Чешката Република, Лубомир Пшенка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од МВР, набавката на возилата е спроведена согласно Договор за донација на финансиски средства од Чешката Република и се состои од пет патнички теренски моторни возила, погодни за лоши патишта „Шкода кодиак“ со вредност од 9.863.000 и две возила за транспорт и брзо распоредување, интервентно возило „Рено мастер“ со вредност од 4.399.322 денари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.