Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, за време на акциските контроли на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 516 возачи.
Од нив 59 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 159 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 357 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 77 други видови прекршоци, информираат од МВР.
Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
