HomeАктуелноМВР со ЗАСИЛЕНА АКЦИСКА КОНТРОЛА, еве колку санкционира полицијата за една вечер

МВР со ЗАСИЛЕНА АКЦИСКА КОНТРОЛА, еве колку санкционира полицијата за една вечер

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 468 возачи. Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 243 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 225 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, додааат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.