HomeАктуелноМВР: 98 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед

МВР: 98 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед

Во текот на вчерашниот ден (07.02.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. При контролата 98 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 31 товарно моторно возило и тоа: 19 за техничка неисправност на уредот за запирање, три за претовар, 10 за неисправни составни делови и опрема, а двајца возачи управувале со неисправни светлосни уреди.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контролата санкционирани се и 121 останат прекршок. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.