HomeАктуелноМета го поздрави одобрувањето на францускиот предлог во македонскиот Парламент

Мета го поздрави одобрувањето на францускиот предлог во македонскиот Парламент

Албанскиот пртседател Илир Мета го поздрави одобрувањето на францускиот предлог од страна на македонскиот Парламент, оценувајќи дека „тоа го отвора патот за почеток на преговори за членство во ЕУ и за Албанија“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Го поздравувам гласањето за предлогот на Макрон во Собранието на Северна Македонија, кое го отвора патот за преговори за членство во ЕУ следната недела, за нашите две земји. Му честитам на албанскиот политички фактор, кој секогаш останува верен на европската ориентација, одлучувачки за мирот, безбедноста и меѓуетничкиот соживот, напиша Мета во објава на „Фејсбук“.

И покрај тоа што со оваа одлука се отвора патот за преговори на двете земји, шефот на албанската држава нагласува дека „албанските носители на одлуки сега мора добро да ги запознаат одговорностите што ги имаат во водење на политиките“.

-Одлуката на Европскиот совет што ќе биде донесена за неколку дена треба да го просветли секој овдешен носител на одлуки за одговорностите што ги имаат во спроведувањето на политиките што ја прават Албанија поевропска, подемократска и понадежна, порачува Мета.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.