HomeАктуелноМеѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот!

Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот!

Денес е 27. Јануари –  Денот кога руската Црвена армија во 1945 година ја отвори капијата на слободата – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот!

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Крајот на еден од најлошите ужаси во историјата на човештвото, кој траеше цели 1 689 дена.

Комплексот логори Аушвиц беше директен резултат на нацистичката идеологија предводена од Адолф Хитлер која ги ставаше нацијата и расата над сè друго и сметаше дека одреден број народи не само што се помалку вредни, туку и се закана за „ариевската расна чистота”.

Аушвиц беше реализација на идеите на нацизмот.

Првите убиства од овој вид во Аушвиц се случиле во август 1941 г., кога била тестирана ефективноста на отровниот гас врз полски и советски затвореници, а целата работа набрзо пораснала до размери што дури и денес не можат целосно да се сфатат.

Од 1942 г. до крајот на 1944 г.,1,3 милиони луѓе биле одведени во Аушвиц, од кои 1,1 милион биле убиени. Најмногу Евреи (околу 960 илјади) и Полјаци (74 илјади), Роми (21 илјади), советски затвореници (15 илјади)… Индустриското масовно убивање, за жал, не е единствениот хорор на Аушвиц, туку само најголемиот. Се вршеле монструозни експерименти врз луѓе со кои раководел озлогласениот д-р Јозеф Менгеле, се спроведувале секакви мачења и понижувања – пекол на земјата.

Злосторствата биле извршени и со учество и помош на голем број обични Германци, од кои повеќето биле убедувани да „следат наредби” и ги извршувале своите задачи за доброто на германската нација и Третиот Рајх.

На влезот во Аушвиц стои циничниот натпис „Arbeit macht frei”, односно „Работата ослободува”, за да сугерира дека е работен логор. Нацистите се труделе да скријат дека вршат масовен геноцид, па требало долго време веста да стигне до сојузниците. Сојузниците и денес се обвинуваат затоа што не ги бомбардирале пругите што воделе кон Аушвиц.

За жал, и денес има луѓе кои го негираат холокаустот или наоѓаат оправдување за злосторствата на нацистите и нивните сојузници, а многу истражувања покажуваат дека младите сè помалку знаат што навистина се случило во Аушвиц. „Никогаш повеќе да не се случи” е фраза која често се слуша на комеморациите за холокаустот и злото на нацизмот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.