„Кантер Страјк“ репрезентацијата на Македонија одново ја воодушеви македонската јавност на Европскпто е-спорт првенство во Орадеа.
По освоеното светска титула пред осум месеци во Израел, македонскиот тим составен од пет члена направи нов огромен успех и на турнирот во Романија, славејќи над добро познатиор ривал Украина во големото финале.
Во една тесна и израмнета битка, Македонија победи со 2:1 против Украина и ги обедини двете најважни титули, па така истовремено е и светски и европски шампион во Кантер Страјк во верзијата Global Offensive.Тимот составен од пет члена го сочинуваа Јане „aidKiT“ Апостолоски, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Павле „stYleEeZ“ Стојановски и Даниел „dan1“ Глигоров, со што момците само докажаа дека во овој момент се неприкосновени на светската и европска сцена.

