HomeАктуелноМинистерките за култура на Србија, Албанија и Северна Македонија на прошетка во старото јадро на Охрид

Министерките за култура на Србија, Албанија и Северна Македонија на прошетка во старото јадро на Охрид

Во рамките на самитот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, што се одржува вчера и денеска во Охрид, синоќа дел од високите гости од регионот имаа можност да се запознаат со културните знаменитости во старото јадро на Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ноќната прошетка на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерките за култура на Албанија, Елва Маргарити, и на Србија, Маја Гојковиќ, како и на министрите во Владата Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Крешник Бектеши, и на директори на сродни институции од иницијативата, започна од Античкиот театар, преку Галеријата на икони и Куќата на Робевци.

Гостите беа запознаени и со една од најпрепознатливите техники за изработка на охридскиот бисер преку традицијата што ја негува охридското семејство Филеви.

Во фокусот на самитот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ се културата и туризмот, а учествуваат министри за економија, за туризам и животна средина, за трговија, туризам и телекомуникации, како и министрите за култура на земјите од иницијативата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.