HomeАктуелноМинистерството за енергетика отвори јавна расправа за новиот закон за обновливи извори на енергија

Министерството за енергетика отвори јавна расправа за новиот закон за обновливи извори на енергија

Министерството за енергетика го објави Нацрт-законот за користење на енергијата од обновливи извори на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) и на својата веб-страница, со што започна 30-дневниот период на јавна консултација со граѓаните, стручната јавност и релевантните чинители.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ова е првпат обновливите извори да се регулираат со посебен закон, по примерот на земјите од регионот и ЕУ. Меѓу најзначајните новини е воведувањето на двонасочен договор за пазарно порамнување на разликата во цена (two-way contract for difference), кој треба да обезбеди финансиска стабилност за инвеститорите, заштита на потрошувачите од ценовни шокови и ограничување на прекумерните добивки при високи пазарни цени.

Законот предвидува и нови методи за управување со вишокот произведена енергија, како net metering и net billing, што ќе овозможат поефикасно користење на произведената електрична енергија од домаќинствата и бизнисите. Дополнително, се стимулира создавањето заедници за обновливи извори на енергија и колективно локално производство, како и регионална соработка со гаранции за потекло на енергијата.

Од Министерството велат дека законот е усогласен со најновите европски регулативи, вклучувајќи ја RED III директивата, и е дел од Владината програма за 2025 година. Целта е да се обезбеди јасна и сеопфатна регулатива која ќе го поттикне развојот на обновливите извори и ќе го забрза зеленото енергетско преминување на земјата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.