„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот. кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ова на нивната победа дава посебно задоволство.
Вечерва конечно се поразени. Поразени се предавствата и поделбата. ТОва е историјска победа на народот, победи Македонија. Криминалот, корупцијата и неспособноста на досегашната Влада направија државата да пропаѓа, а народот да страда. Тие стотина луѓе од СДСМ и ДУИ денес ги боли главата затоа што знаат дека ќе одговараат. Поразен е и бојкотот на ДУИ. Народот докажа дека нема поединци да создаваат кризи. ДУИ станаа силно криминализирана структура. Време е заедно со СДСМ да одат во опозиција“, кажа Мицкоски.
Во првите 100 дена најави, како што кажа тој, добри вести за граѓаните и македонската економија. До идните функционери од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ им порача да не го заборават народот и дека ќе им служат на сите без поделби.
– Ќе промовираме соживот каде ќе ја имаме државата во свои раце. За брзо време ќе започнеме преговори за правење на најдобрата коалиција за нашата земја. Ќе ја формираме владата во најкус можен рок со транспарентен процес, истакна тој.
