Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговата Фејсбук-страница, честитајќи го 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
Нема напредок без работа. Нема стабилност без создавање вредност. Нема иднина без луѓе што вложуваат, градат и веруваат. Денес им оддаваме признание на сите што секојдневно придонесуваат со знаење, со труд и со посветеност. Нашата обврска е јасна: повеќе можности, подобри услови и фер правила за сите што работат и создаваат – се додава во објавата на премиерот.
Тој додаде дека државата се гради со труд.
Продолжуваме заедно со посветеност и со верба – истакна Мицкоски на Фејсбук.
