HomeАктуелноМладенци – ден на младоста и љубовта, ова се обичаите за празникот

Младенци – ден на младоста и љубовта, ова се обичаите за празникот

Празникот на пролетта 22 март, младите го празнуваат како свој ден, ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата Православна црква го празнува споменот на 40 војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Житието сведочи дека во 320 година 40 војници од еден полк во Севастија ја одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Поради тоа биле повикани кај градоначалникот, биле убедувани да се откажат од Христијанството, а кога тоа го одбиле биле затворени мачени и изведени пред суд. Биле осудени да стојат цела ноќ во вода што смрзува, времето било студено, а 40-те војници стоеле во студена вода во близина на бања со топла вода и им било кажано ако некој се откаже од Христос ќе може да оди во бањата со топла вода каде го чека гозба со вкусни јадења. Но, момчињата храбро ги издржувале мачењата цела ноќ молејќи му се на Исус.

Ноќта сите стражари заспале само еден останал буден. Во еден момент тој над главите на војниците забележал светли венци и бидејќи бил христијанин, веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде ги запалиле.

За празникот Младенци поврзани се повеќе обичаи. Кузман Шапкарев сведочи дека спроти празникот се собирале 40 полжави, потоа правеле 40 сарми со ориз и расол, а на ручекот пиеле по 40 чаши вино во спомен на 40-те маченици.

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. Денеска, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Како што запишал фолклористот Марко Китевски, денешниот ден во повеќе краишта на Македонија е поврзан и со враќањето на птиците преселници, а извесен број обичаи и верувања се поврзани со растенијата. Еден дел од нив, вели Китевски се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Денес многу од овие обичаи се заборавени. Но сепак празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.