HomeАктуелноМладината на политичката партија СДСМ на летен камп во Охрид

Младината на политичката партија СДСМ на летен камп во Охрид

Денес отворен 16-тиот летен камп на социјалдемократијата, организиран од страна на СДММ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Летен камп „Др. Трајче Нешковски“ е и ќе остане најголемата асоцијација за социјалдемократската младина. Почнувајќи од денес па до недела, 09.07, преку 80 учесници на нашата СДММ ќе имаат прилика за дружење, забава и можност за вмрежување на идеите во никулци за некои идни политики за младите луѓе во државата. На овој прв ден, ги формиравме работните групи за оваа година и ги спроведовме првите работилници за запознавање и дефинирање на тематиките кои ќе се обработат. Веќе од утре, нашето друштво се зголемува и веруваме дека и оваа година летниот камп ќе помине во одличен ред и за многу млади наши другари и другарки ќе остане прекрасен спомен на дружба и работа истовремено, стои во фб објавата на Социјалдемократската младина.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.