Силни невремиња денес ја зафатија некои делови од Македонија.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Северозападниот дел од земјава е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Оваа маса се наоѓа западно од Скопската Котлина и се приближува кон западниот дел на градот, но поинтензивно јадро се наоѓа југозападно од градското подрачје.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА: Во првата половина од ноќта ќе се задржи променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Во втората половина од ноќта атмосферата ќе се стабилизира.
Е.Р
