HomeАктуелноМомче од битолско измамено од девојка од Малта за 4.440 долари

Момче од битолско измамено од девојка од Малта за 4.440 долари

20-годишно момче од битолско било измамено од некој што се претставил како девојка од Малта, а сумата која ја однел измамникот е 4.440 долари, соопшти полицијата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 27.01.2025 во СВР Битола, 20-годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 4.440 американски долари. Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални мрежи, се претставило дека е од Малта и дека може да му помогне да се стекне со наследство на починато лице од РСМ, кое немало законски наследници. Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари оштетениот во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.