HomeАктуелноНад половина милион денари за шинтерски услуги во Кочани

Над половина милион денари за шинтерски услуги во Кочани

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ склучи договор со ветеринарната клиника „Ино-вет“ од Куманово за обезбедување шинтерски услуги на подрачјето на општина Кочани, а за што од сопствената сметка ќе плати 552 илјади денари во нето износ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според договорот, кумановската фирма ја презема обрската за соодветен третман и намалување на проблемот со бездомните кучиња, а со сумата што ќе се потроши би требало да се опфатат седумдесетина животни.

– Ветеринарната клиника „Ино-вет“ има обврска да изврши заловување на кучињата, да напрaви лабораториско испитување за болеста лајшманија, да ги вакцинира и стерилизира машките и женските единки, како и да обезбеди времено вдомување или чување на животните, а доколку е потребно можна е и еутаназија. Исто така, вклучена е и обврската за микрочипување и маркирање, а по третирањето дел од кучињата да бидат вратени на местото на заловувањето, се наведува во договорот.

Според извештајот за реализираните шинтерски услуги во текот на минатата година, доставен до Советот на Општина Кочани, комуналното претпријатие „Водовод“, во соработка со комунален инспектор организирало 10 акции во кои се заловени 61 бездомно куче. За секоја акција бил изготвен соодветен запсиник со потпис на овластените лица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.