HomeАктуелноНамалена видливост на овој патен правец

Намалена видливост на овој патен правец

Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има на Страцин, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои, како што велат од ЈП „Македонија пат“, редовно се чистат.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи, посочуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.