HomeАктуелноНамалена видливост поради магла на овие патни правци!

Намалена видливост поради магла на овие патни правци!

Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до село Гајре 20 – 30 метри, Стража 30 – 50 метри и Плетвар – 40 метри.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.