На 10.11.2023 година во 02.00 часот во ноќен клуб во Охрид, Ф.А.(30) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување кон присутните гости, а потоа, пред објектот, и со агресивно однесување кон вработените во обезбедување на клубот, информира портпаролот на СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.11.2023 година во 13.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом во Охрид била пронајдена почината С.П.(45) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош од Охрид констатирал смрт без траги на насилство.
Увид извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, додаваат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Е.Р
