HomeАктуелноНасекаде минусни температури, над нулата само во Дојран

Насекаде минусни температури, над нулата само во Дојран

Најстудено утрово е во Берово и Битола каде се измерени -5 степени, во Скопје е -4, Крива Паланка, Попова Шапка, Тетово, Струмица и Прилеп -3, Демир Капија, Претор, Крушево, Гевгелија, Дебар -2, а во Штип, Охрид, Куманово и Виница -1. Над нулата е само во Дојран со 4 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Снежна покривка има на Попова Шапка со висина од 10 сантиметри.

Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, а утрово е променливо облачно.

Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.