HomeАктуелноНаутро студено, преку ден сончево со умерена облачност

Наутро студено, преку ден сончево со умерена облачност

Времето денеска наутро ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат во интервал од  минус 12 до минус три, а максималните ќе достигнат од минус три до четири степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до минус шест, а максималните ќе достигнат до два степени.

Следува период на стабилно и студено време, особено наутро кога минималните температури на места ќе се спуштаат и под  минус 10 степени. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.