HomeАктуелноНајава за дожд и снег

Најава за дожд и снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со наврнат талог од 15 до 20 литри на квадратен метар. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени Целзиусови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Според најавите од Упратата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.