HomeАктуелноНајава за нестабилно време со врнежи од дожд

Најава за нестабилно време со врнежи од дожд

Во вторник претежно во западните делови од земјава ќе има појава на краткотраен пороен дожд со грмежи, соопшти УХМР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Потоа следува период со претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.