Позначителна снежна покривка би се формирала во најголем дел од Македонија, вклучувајќи ги и градовите.
Во петок попладне и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои на планините ќе преминат во снег. В недела, поради влијание на постудена воздушна маса, снежни врнежи ќе се појават и во пониските предели, информираше УХМР.
Мететоролозите најавуваат дека почнувајќи од викендов и во текот на следната седмица, територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на ладен и влажен бран од север, односно снежен бран кој ќе донесе пообилни врнежи од снег во најголем дел од Македонија. Позначителна снежна покривка би се формирала во најголем дел од Македонија, вклучувајќи ги и градовите, а на планините и на Скијачките центри постојната снежна покривка значително ќе се зголеми.
Македонија викендов ја очекува значителен студен и снежен бран кој според прогнозите може да донесе нова снежна покривка од 50 сантиметри до еден метар на планините и на скијачките центри. Поголема снежна покривка ќе се формира и во делови од пониските предели, вклучувајќи ги и градовите.
Метеопрогнозерот Славчо Попоски најавува снежен бран почнувајќи од петок.
Поради тоа што сѐ уште е неофицијално, можно е варирање околу очекуваната снежна покривка. Ќе видиме што ќе покажат најновите ажурирања, напиша Попоски на Фејсбук.
