HomeАктуелноНајмногу дожд во Охрид

Најмногу дожд во Охрид

Под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот, Охрид останува градот во Република Македонија каде изминативе 24 часа наврна најмногу дожд.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Откако синоќа до 19:00 часот беа измерени 34 литри на кубен метар, во текот на последните 6 часа, заклучно со 13:00 часот, наврнаа 4 литри на м2.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Охрид денес ќе имаме исто така променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

До вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.