Патот Охрид – Скопје е блокиран кај селото Ботун, откако паднало дрво на коловозот.
На оваа делница од патот излетало и едно патничко возило, при што едно лице е повредено.
Засега нема дополнителни информации за тежината на повредите, ниту за околностите под кои возилото излетало од патот.
