Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово бидејќи според него ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти. На 112 стигнаа неколку пријави од граѓани за поплавени подруми.
Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН, вели Стојанче Ангелов од ЦУК.
