Како што информираа од ТППЕ Струмица пожарот го гаснат пет противпожарни возила и 15 пожарникари. Посочуваат дека пожарот бил во разгорена фаза, но е спречено негово натамошно ширење кон околната шума.
Имено, деновиве пожарникарите се со полни раце работа, ЦУК информира за пожари на 23 локации во Македонија.
Вчера, (03.08.2023, четврток) дирекорот на ЦУК информира за вкупно 23 пожари на отворен простор. Еден е сѐ уште активен, се догаснува (пожарот кај Богданци) а 22 се целосно изгаснати.
На територијата на Скопје имаше 5, Кичево 2, Куманово 5, Велес 1, Кавадарци 1, Дојран 1, Струмица 2, Кочани 1, Делчево 1, Тетово 1 и Гостивар 2.
Во 19 пожари гореше ниска вегетација а во 4 ниска шума.
Затоа апелирам до сите македонски граѓани да бидат исклучително внимателни да не предизвикаат пожар! – додава Ангелов.
Палење на оган и скара на отворено, палење на стрништа и пасишта, фрлање отпушоци или работа со алат кој искри за миг може да предизвика пожар.
И најмалиот пожар за миг може да излезе од контрола и неколку стотици метри или неколку километри подалеку може да убие човек или да нанесе огромна материјална штета.
Од ЦУК упатуваат голема благодарност до исклучително професионалните и храбри пилоти на Ер Тракторите и хеликоптерите како и до храбрите македонски пожарникари од територијалните противпожарни единици, доброволните противпожарни друштва, екипите на ДЗС и Национални Шуми и градоначалниците, како и вработените во ЦУК кои ги координираат сите набројани единици и ресурси.
Сите заедно досега покажаа дека се на висина на задачата, вели директор на ЦУК, Стојанче Ангелов
