Гори големо стрниште во околината на Битола, екипите на ТППЕ Битола се на лице место, нема никаква опасност.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку. Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна. Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
