Со 48 гласа ЗА, 36 против, и еден воздржан, собранието вечерва ги донесе измените на Кривичниот законик. Со Измените на кривичнот законик по скратена постапка, се намалуваат затворските казни за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања. Денеска помина и во двете собраниски комисии, без амандмани од опозицијата.
Кусо траеше и собраниската расправа.
