Нуркачи од „Тигар“ трагаат по 71-годишен скопјанец во Преспанското Езеро – Скокнал по веслата и исчезнал.
Во тек е потрага по 71-годишен скопјанец кој исчезнал во водите на Преспанското Езеро кај Сливница, Ресенско.
Според пријавеното во СВР Битола, несреќата се случила вчера околу 12:20 часот, кога М. М. скокнал во езерото за да ги земе веслата што паднале од чамецот. По влегувањето во водата, тој не излегол на површина.
Во чамецот останал уште еден рибар, кој поради силниот ветер бил однесен кон Крани и се оддалечил околу еден километар од брегот.
На терен се полициски службеници и специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“, кои преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатиот.
