Во грчкиот град Луца, на истокот на Грција, дошло до пукање во кое загинале најмалку шест лица.
Попладнево непознати сторители егзекутирале шест лица со 25 куршуми во Луца, источно од Атина, јавуваат грчките медиуми. Станува збор за странци кои очигледно паднале во заседа. Пет од нив биле пронајдени во автомобил со германски регистрации, додека шестото лице било во непосредна близина.
Полицијата трага по мотор и црн автомобил во кои наводно побегнале сторителите.
Грчките медиуми пишуваат дека, според првите информации, се работи за пресметка.
На местото на настанот пристигнала брза помош која можела само да ја констатира смртта на настраданите. Силни полициски сили ја опколиле областа на нападот.
