Автомотосојузот на Македонија попладнево информира дека од од пред еден час сообраќајот во близина на Плетвар, односно на магистралниот пат а-1, патен правец Прилеп-Градско, во атар на село Тројаци, е затворен во двата правца.

Сообраќајот е во прекин поради случена сообраќајна незгода, но не е познато дали има повредени патници..
