Вечерва околу 20.45 часот на магистралниот пат А3 Битола-Ресен се случи сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува по стариот пат.
На местото на настанот увид врши увидна екипа од СВР Битола, а за тоа како се случил немилиот настан и подетални информации очекуваме од страна на надлежните.
На 06.11.2023 година од 20.45 часот на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува по стар пат, информираат од АМСМ.
