HomeАктуелноНАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ ОД МАКЕДОНИЈА ПАТ – ЕВЕ КАКВА Е СОСТОЈБАТА НА ТЕРЕН

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ ОД МАКЕДОНИЈА ПАТ – ЕВЕ КАКВА Е СОСТОЈБАТА НА ТЕРЕН

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи. Врнежи од слаб снег се бележат во Гостивар и Дебар.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на следниве патни правци, Гостивар-Маврово-Дебар,Гостивар-Стража-Кичево, Tетово – Попова Шапка ,на планиските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато,Струга – г.п. Ќафасан и Струмица – Берово.

Од 15.50ч целосно во прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Д. Капија- Смоквица и сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102 .

ЈП Македонијапат со целокупната расположива  механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните наноси.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.