HomeАктуелноНа две избирачки места во Тетово се гласа со употреба на УВ-ламба и отпечаток од прст

На две избирачки места во Тетово се гласа со употреба на УВ-ламба и отпечаток од прст

Нефункционалноста на апаратот за идентификација е причина гласањето на две избирачки места во Општина Тетово да почне со стариот метод со кој се зема отпечаток од прст на графитно перниче, па се остава отпечаток во избирачки список, а се користат спреј и УВ-ламба за проверка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. Со одлука на Државната изборна комисија (ДИК) се користи стариот метод со отпечаток од прст и УВ ламба. Истото е направено во едно избирачко место во село Бозовце каде гласањето почна во 9.22 часот, информираше Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател на државата  може да гласаат вкупно 86.405 луѓе.

Од вкупнте бројки, вчера имаа можност да гласаат 54 затвореници, како и 181 лице пријавени за болни и немоќни со право на глас.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.