Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја спроведоа превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, при што возачите ги потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила.
Денеска полициските службеници на граничниот премин „Ќафасан“ и на повеќе локации во Охрид низ кратки едукативни разговори со возачите на моторни возила потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, како основен предуслов за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, информира потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Притоа, велат на возачите им бил поделен едукативен материјал со корисни совети за безбедно учество во сообраќајот.
Акцентот е ставен на подигањето на свеста за влијанието на заморот и на високите летни температури врз способноста за управување со моторно возило, додаваат Димоски.
Kампањата, потенцираат, ќе продолжи и на другите подрачја на СВР Охрид.
