HomeАктуелноНА 19-ти ЈУЛИ ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „ВО ДОМОТ НА ВОЛШЕБНИКОТ“

НА 19-ти ЈУЛИ ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „ВО ДОМОТ НА ВОЛШЕБНИКОТ“

Општина Охрид во рамките на програмата за култура оваа година активно работи на  програма за нашите најмлади охриѓанчиња.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 19 јули на сцената кај ТЦ Амам најмладите ќе имаат прилика да   ја проследат театарската претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот”. Претставата е работена наменски и е посветена на децата. Токму овој период кога во регионот сериозно е видливо насилството помеѓу децата, а и кај нас, нужна е потребата преку театар да се прикаже дека за секој проблем и недоразбирање не е решение насилството, туку разговорот, меѓусебното подавање на рака, искреното пријателство. Низ низа драмски ситуации во кои главната нитка е мудроста на волшебникот, наспроти денешното однесување на децата, ќе упатиме јасна порака: Со насилство НЕ, со дружба може СЕ!

Во претставата има многу комичнини, едукативни, педагошки елементи, но што е најважно интеракцијата на децата од публиката е многу присутна. Важноста заедно со актерите ќе дојдат до главната порака на претставата, а притоа да увидат дека само преку искрен и другарски пристап можеме да успееме во се.

Претставата изобилува со преубава музика, сценографија и костимографија. Во неа играат актерите кои децата ги познаваат од народните приказни: Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски, а покрај нив игра и младата Тамара Ангелеска

Улогата на Волжебникот ја игра актерот Сашо Ристовски, а улогата на помошничката ја игра актерката : Магдалена Ризова-Черних ,улогата на девојчето ја игра Тамара Ангелеска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.