HomeАктуелноНеверство или несогласување во бракот? Анета Молика и Џими се разведуваат

Неверство или несогласување во бракот? Анета Молика и Џими се разведуваат

Како што пишуваат повеќето медиуми во текот на вчерашниот ден,  Анета Мицевска после дваест и две годишна брачна заедница со познатиот музичар Џими Мицевски, спогодбено се разведува.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, лошиот однос се ова го покажува и неодамнешното менување на името на Фејсбук групата,  која до пред извесен период го носеше името на групата „Молика”, а од скоро админот на истата ја има променето со име на пејачката Анета Мицевска, со постирање на одбрани песни чии автор не е сопругот Џими или близок до групата „Молика”.

Исто така на социјалната мрежа „инстаграм“ Анета го примени своето презиме, па така сега е Aneta Ljumakovska.

Да потсетиме дека Анета и Џими беа две децении во брак и од истот имаат возрасна ќерка Моника, која сега студира и живее во Германија, додека Анета е втора сопруга на Џими, а тој пак, од претходниот брак има син кој е исто така музичар.

Имено, се шпекулира дека причината за разводот е трета личност и тоа го дознаваме од анонимен извор,  но таквите предпоставки и понатаму остануваат во знак прашалник се додека не бидат потврдени или демантирани од страна на Анета и Џими, токму затоа причина засега останувa непозната.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.